Депортирани вдовиците на Осама бин Ладен

Куќата каде што беше сместено семејството на Осама бин Ладен

Пакистанските власти ги депортирале во Саудиска Арабија трите вдовици на Осама бин Ладен и нивните деца. Депортирањето се совпаѓа со годишнината од убивањето на лидерот на Ал Каеда, кое се случи на 2 мај минатата година.
Пакистанските власти во февруари со булдожери го урнаа целиот комплекс во Аботабад, каде што се криеше некогаш најбараниот светски терорист. Жените и децата на Бин Ладен се наоѓаа во домашен притвор поради илегално влегување во земјата.