Изградба на нова обвивка околу реакторот во Чернобил

Украинскиот претседател Виктор Јанукович го означи почетокот на изградбата на новата заштитна обвивка околу оштетениот четврти блок од некогашната нуклеарка

Денеска почнува изградбата на нова обвивка околу оштетениот нуклеарен реактор во Чернобил, со цел да се замени старата која е напукната и пропушта зрачење. Изградбата започнува на денот на одбележувањето на 26 годишнината од најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во историјата. Изградбата на новата обвивка, тешка 20,000 тони би завршила во 2015 година. Во меѓувреме, Околу 500 ветерани кои учествувале во расчистувањето на штетата од експлозијата на нуклеарниот реактор демонстрираат пред украинскиот парламент, барајки целосна исплата на заостанаците надоместоци и пензии. Украинската влада во септември одлучи да ги скрати пензиите за ветераните од Чернобил, што предизвика протести во Киев и други градови низ земјата.