Протести со песни против Бреивик

Десетици илјади луѓе се собраа во Осло за да пеат песна за мир која екстремистот Андерс Беринг Бреивик ја мрази. Уште илјадници жители во други градови се придружија кон протестот против човекот кој минатата година уби 77 лица во два напади. Бреивик, кој е на суд, ја има опишано песната „Децата на виножитото“ како марксистичко перење на мозок.