Фолксваген бележи раст на профитот и продажбата

Фолксваген, најголемиот европски производител на автомобили, во првиот квартал годинава забележал 86 проценти пораст на профитот на 3,19 милијарди евра, во споредба со истиот период лани кога профитот на компанијата беше проценет на 1,71 милијарди евра. Фирмата со седиште во Германија, под која спаѓаат и брендовите Ауди, Шкода, Сеат и Бентли, дополнително соопшти дека има зголемување на продажбата за 26 проценти.