Попоски очекува од САД заложба за македонското членство во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски изрази очекувањето дека Соединетите американски држави, како најсилни промотори на проширувањето на Алијансата, ќе се заложат за ефектуирање на заслужената покана за зачленување на Република Македонија во НАТО. Министерот го испрати барањето при посетата на Вашингтон, каде се сретна со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евро-азија Филип Гордон и со конгресменот Дејвид Прајс, ко-претседавач на Комитетот за демократско партнерство на Претставничкиот дом на САД. Попоски посочил дека Република Македонија и натаму останува посветена на учеството во мисијата ИСАФ се додека тоа е потребно, а во согласност со стратегијата на Алијансата за Авганистан.