26 години од несреќата во Чернобил

Во Украина денеска се одбележува 26 годишнината од несреќата во нуклеарната централа во Чернобил. Експлозијата во еден реактор на централата беше причина за ширење на радијација во делови на Украина и Белорусија, но и низ Европа. Станува збор за најголемата нуклеарна катастрофа во која загинаа неколку десетици луѓе, додека вистинските последици по здравјето на луѓето се уште не се познати. Последниот од реакторите во Чернобил беше изгаснат во 2000 година.