Во Вашингтон средба меѓу Клинтон и Бериша

албанскиот премиер Сали Бериша

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон одржа во Вашингтон разговори со албанскиот премиер Сали Бериша. Притоа таа изјави дека Албанија им е силен пратнер на Соединетите држави како дел од американската мисија во Авганистан. Бериша од своја страна рече дека негова главна цел е да ја убеди Клинтон да учествува на прославата на годишнината на албанската државност.