Тринаесетмина милитанти убиени во Авганистан

Авганистански воен командант тврди дека 13 пакистански и арапски милитанти биле убиени во тековна воена операција во провинцијата Газни. Генералот Дауд Вафадар, командантот на силите на Авганистанската национална армија во Газни во изјава за Радио Слободна Европа вели дека милитантите биле убиени во заедничка операција на НАТО и авганистанските власти која започнала во вторникот.