Либија забрани верски и етнички политички партии

Либија ги забрани политичките партии кои се осниовани на религија, племенски асоцијации или етничка припадност. Портпарол на владеачкиот Национален транзициски совет изјави дека одлуката е со цел да се задржи националното единство. Законот е донесен два месеци по првите избори во земјата, кои се одржаа по крајот на владеењето на Муамар Гадафи минатата година.