Антитерористичка акција на руската и азербејџанската полиција

Руската и азербејџанската полиција започнаа заедничка акција против терористички групи во граничниот регион меѓу двете земји. Азербејџанското министерство за внатрешни работи соопшти дека целта на еднонеделната акција е попречување на активностите на организирани криминални групи и терористички организации инволвирани во илегална трговија со муниција, експлозиви и дрога.