Мурдок демантира дека им вршел притисок на политичарите

Глобалниот медиумски магнат Руперт Мурдок на сослушувањето за медиумска етика изјави дека никогаш не барал услуги од британските премиери. Тој потврди дека имал средби со неколкумина британски лидери, меѓу кои и поранешниот премиер Маргарет Тачер и актуелниот премиер Дејвид Камерон но демантираше дека им вршел притисок. Мурдок исто така ги прогласи за неточни гласините дека бил несреќен од одлуката на Камерон за покренување на истрага во врска со скандалот со телефонско хакирање, инцидент поради кој се затвори еден од најпродаваните весници на магнатот.