Обелоденети детали за „новиот бран“ во ВМРО - ДПМНЕ

Во рамките на промените на дел од актуелните кадри кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ на локално и на државно ниво, за Македонската информативна агенција од партијата потврдуваат и за некои конкретни имиња. Никола Димитровски се повлекува од функцијата директор на Агенцијата за железнички сообраќај, Наташа Волканова поднела оставка на функцијата директор на Агенцијата за државни патишта, а Чедомир Краљевски се повлекува од функцијата претседател на Антимонополската управа и во иднина останува само член на Управата. Од позицијата генерален директор на АД ЕЛЕМ се повлекува Влатко Чинговски и според сознанијата на агенцијата ќе биде идниот амбасадор на Република Македонија во Јапонија, каде што Чинговски има поминато дел од животот до 1999 година и каде има докторирано.