Украина побара германски доктори да ја прегледаат Тимошенко

Украина побара германски доктори да ја прегледаат екс-премиерката Јулија Тимошенко која штрајкува со глад поради наводно малтретирање во затвор. Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека било испратено официјално барање до германската влада за помош со испраќање на медицински кадар. Тим германски доктори веќе ја прегледаа Тимошенко месецов во затворот во Каркив, каде поранешниот премиер ја отслужува седумгодишната затворска казна поради злоупотреба на службената должност. Адвокатот на Тимошенко изјави дека таа штрајкува со глад од 20 Април кога наводно приснилно била пренесена во болница поради болки во грбот.