Ристовски: Има пари за пензии

Пари за пензии има, тие и натаму ќе се исплаќаат во текот на првата недела од месецот, а ќе се реализира и планираното покачување според програмата за работа на Владата, изјави денеска министерот за труд и социјална полтика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на Извршниот одбор на Сојузот на Здружение на пензионери на Македонија. Тој ги уверил претставниците на пензионерите дека Владата и натаму ќе ја продолжи соработката со нив, и дека ќе работи на унапредување на состојбите со остварување на нивните права.
„Сите наши ветувања за зголемувањето на пензиите се реални и тие ќе бидат зголемени согласно она што е планирано во програмата за работа на Владата“ рече министерот.