Министерот Бесими во официјална посета на Берлин

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија.
Во Берлин, како што е најавено, министерот Бесими ќе биде пречекан со високи воени почести и ќе има средба со парламентарниот државен секретар во германското Министерство за одбрана, Кристиан Шмид, во отсуство на сојузниот министер за одбрана Томас де Мезијер.
.За време на посетата, Бесими ќе оствари средба и со членови на Комисијата за одбрана при германскиот Бундестаг