Состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Во Брисел денеска треба да се одржи состанок на Воениот комитет на НАТО. Шефовите на генералштабовите на земјите членки на НАТО ќе разговараат за мисијата на Косово (КФОР), повлекувањето на трупите од Авганистан и односите со Русија.
До разговорите доаѓа пред Самитот на Алијансата што треба да биде одржан во Чикаго, кон крајот на мај.