Анан: Ситуацијата во Сирија е неприфатлива

Меѓународниот пратеник Кофи Анан пред Советот за Безбедност на ОН рече дека ситуацијата во Сирија е песимистичка.Тој ова го кажа на прес конференцијата што се одржа зад затворени врати. Анан наведе дека бил загрижен од тоа што владините сили влегле во градот Хама со автоматско оружје и убиле поголем број луѓе. Анан кажа дека таквата ситуација е неприфатлива и оцени оти треба да се повика сириската влада веднаш да го имплементира мировниот план.
Анан го повика Дамаск и опозицијата да го почитуваат договорот за прекин на огнот од 12 ти април.