Времето денеска ќе биде сончево

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, а ќе има и изолирана појава на дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 20 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Во претпладневните и околу пладневните часови не е исклучена појава на краткокраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температурата ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 25 степени. Од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурата на воздухот.