Десеткратно зголемување на помошта за Сирија

Агенцијата за храна при Обединетите нации соопшти дека ќе достави помош во форма на храна за 500,000 лица во Сирија во следниве неколку недели. Станува збор за десеткратно зголемување на помошта за Сирија од декември минатата година. Фокусот ќе биде ставен во областите кои се погодени од конфликтот во земјата, поконкретно: Хомс, Хама, Идлеб и Дамаск. Сиријските бегалци во соседен Јордан почнаа да добиваат топли оброци неделава.