Нема трајни последици од хакерскиот напад на иранските системи

Високорангиран ирански службеник изјави дека нема трајни последици од неодамнешниот сајбер-напад врз компјутерските системи во иранска државна институција. Иранската национална новинска агенција ја пренесува изјавата на Министерот за нафта Хамулах Мохамаднеџад кој вели дека компјутерскиот вирус брзо бил спречен, додавајки дека системите во министерството за нафта ќе се вратат во функција за неколку дена. Во понеделникот иранските власти соопштија дека поради компјутерски вирус биле приморани да ги исклучат од интернет дел од компјутерските системи, вклучувајки ги и компјутерите во министерството за нафта.