Богов: Има место за задолжување но јавниот долг мора да биде одржлив

Македонија е земја со релативно ниско ниво на јавен долг и според гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов се уште има простор за негово зголемување. „Јавниот долг е околу 27 проценти од БДП и тоа е едно од најниските нивоа во Европа. Се уште има простор за зголемување на јавниот долг, меѓутоа на долг рок истиот треба да биде одржлив, односно буџетскиот дефицит треба да биде одржлив, што значи да не го зголемува јавниот долг“ изјави Богов на прес-конференција по повод одбележувањето 20 години монетарна самостојност.
Тој смета дека во време кога е криза оправдано е буџетскиот дефицит да биде нешто повисок, меѓутоа кога ќе дојдат добри години на раст тогаш минусот треба да се намалува.