Кривични против напаѓачите на амбасадата на САД во Сараево

Американската амбасада во Сараево

Канцеларијата на босанскиот јавен обвинител соопшти дека се покренати кривични постапки за тероризам против три лица, обвинети за извршување на нападот на америкабнската амбасада во Сараево лани во Октомври. Обвинителството соопштува дека Мевлид Јасаревич, Емрах Фојница и Муниб Ахметспахиќ биле обвинети за организирање и изведување на нападот во кој беше повреден полицаец. Наводната цел на нападот била да се присили НАТО да го напушти Авганистан.