Медведев го разреши рускиот пратеник во Киргистан

Димитриј Медведев

Рускиот претседател Димитриј Медведев го разреши специјалниот пратеник на земјата во Киргистан Владимир Рушшаило, одлука за која за сега нема официјално објаснување. Рушаило стапи на функцијата со цел подобрување на односите на Русија со Киргистан на 31 мај 2010 година. Тоа се случи само еден месец откако тогашниот претседател на Киргистан Курманбек Бакиев отстапи од функцијата а власта ја превзема техничка влада на чело со Роза Атамбаева.