Холандската влада навидум пред колапс

Премиерот Марк Рут им се обраќа на пратениците

Холандкста влада навидум е пред колапс по неуспешните разговори во врска со предложените буџетски кратења. Медиумите јавуваат дека се очекува премиерот Марк Рут да понуди оставка на средба со кралицата Беатрикс денеска. Рут е првиот човек на десно ориентирана колаициска влада која за подршка во парламентот се потпираше на Партијата за слобода. Кризата настана во текот на викендот, кога Партијата за слобода не се согласи со предложените кратења од буџетот, кои се проценети на 16 милијарди евра. Намалувањето на расходите од холандската народна каса се правдаат со целта за намалување на буџетскиот дефицит, согласно правилата на Европската унија.