Власта и опозицијата се препукуваат за петкратното убиство

Macedonia - Logos of the Macedonian parties VMRO-DPMNE and SDSM - 22Jun2010

По петкратното убиство кај скопско Смиљковци и акцијата „Детонатор“ јавноста со право бара политичка одговорност за првите луѓе во надлежните институции изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, посочувајќи дека денеска изминува неполн месец од почетокот на „Детонатор“ и е 11-ти ден од грозоморното петкратно убиство кај скопско Смиљковци. „Сепак, свесни за чувствителноста на моментот, ги повикуваме сите граѓани за трпение и целосна подршка на институциите за што поскоро расветлување на петкратното убиство, пронаоѓање на злосторниците и нивно соодветно казнување“ рече Георгиев.

Во реакцијата на владеачката партија се вели дека опозициската партија продлжува отворено да го злоупотребува убиството за свои партиски цели. „ Без трошка срам и без трошка човечко чувство тие не помагаат, туку напротив провоцираат, создаваат немир, организираат насилни протести и промовираат блокада на дел од собраниските институции“ наведува ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата.