ЕУ суспендираше дел од санкциите за Мјанмар

Членките на Европската унија се согласија за укинување на дел од санкциите против Мјанмар поради спроведени реформи една година по крајот на директното војничко владеење во југоисточната азиска нација. Министрите за надворешни работи од земјите членки на Унијата на средбата во Луксембург се согласија за суспендирање на казнените мерки, со исклучок на ембаргото за оружје, кое важи и понатаму.