Авганистанските власти го разгледаа договорот за соработка со САД

Високорангирани авганистански службеници ги брифираа пратениците за финализираниот предлог - договор меѓу официјален Кабул и Вашингтон со кој е опфатена понатамошната американска помош за Авганистан. Советникот за национална безбедност Дадфар Спанта рече дека со договорот ќе се обезбеди американска помош за Авганистан да застане на здрави нозе во поглед на безбедноста и владеењето. „Со потпишувањето на овој договор ќе се обезбеди мир и безбедност во Авганистан“ рече Спанта. За сега не се обелоденети детали од документот.