Иванов: НАТО да ги преиспита позициите за членството на Македонија

Земјите-членки на НАТО треба да ги преиспитаат нивните позиции во однос на членството на Македонија, изјави македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, посочувајки дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата нуди нова правна димензија. “Почитувањето на пресудата, на меѓународното право, и конечно, на Времената спогодба, налага во Чикаго да биде преиспитан заклучокот од Букурешт“ рече Иванов. Министерот Фатмир Бесими вели дека со исполнување на критериумите, Македонија го заслужила членството во Алијансата. „ Вложивме големи напори во сите сфери – политички, економски, одбранбени и безбедносни за постигнување на тие цели“ рече Бесими, кој заедно со Иванов присусњтвуваше на Меѓународната конференција за улогата на активниот состав и на резервата на вооружените сили