Иран открил податоци од американско шпионско летало

Иран соопшти дека откриле податоци од американското шпионско беспилотно летало што падна во Иран минатата година. Наводно се откриени податоци дека леталото било користено за шпионирање на куќата на Осама бин Ладен во Пакистан, неколку недели пред тој да биде убиен. Иран исто така тврди дека гради копија на леталото. Техеран тврди дека го соборил леталото, додека САД рекоа дека се расипало и паднало. САД велат дека од леталото не може да се извлечат чувствителни информации од разузнавачка вредност. Техеран го одби американското барање да го врати леталото. Иранските власти ги негираа медиумските извештаи дека Русија и Кина побарале од Техеран да им ги даде информациите од леталото.