Египет нема да го снабдува Израел со гас

Египетските компании за гас соопштуваат дека трговскиот спор ги натерал да се откажат од договори со Израел за снабдување со природен гас. Од египетската холдинг компанија за природен гас вчера соопштија дека донеле таква одлука за, но дека одлуката „нема никаква врска со ништо надвор од трговските односи“. Израел со месеци не го плаќа својот дел од договорот за снабдување со гас. Над 40 проценти од потребите од гас, Израел ги задоволува со гас од Египет.