Нови правила за полицијата во Русија

Полицијата во Русија ќе мора да ја проверува здравствената состојба на сите притвореници пред тие да бидат ставени во ќелиите, пишува рускиот весник „Росискаја газета“. Весникот пишува дека полицијата мора да праша дали притвореникот има некакви хронични болести или други здравствени проблеми. Сите тие информации треба да бидат документирани и достапни за други полицајци и вработени во затворот. Според рускиот весник, луѓето со дијабетес и бремени жени не можат да бидат притворени во регуларни затоври , туку само во места каде имаат пристап до медицинска помош. Полицијата исто така е должна да ги информираа блиските роднини ако обвинетиот е болен или повреден и тоа најдоцна три часа откако полицијата ќе дознае за таквата состојба.