Премиерот на Ирак во посета на Иран

Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики е во дводневна посета на Техеран, пред состанокот за спорната иранска нуклеарна програма закажан идниот месец. Малики би требало да се сретне со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, собранискиот спикер Али Ларијани и главниот преговарач за нуклеарната програма Саед Јалили. Станува збор за прва посета на ирачкиот премиер во Иран во изминативе две години.