Парични награди за туркменистанските ветерани

Туркменистанската влада ќе им исплати по 200 манати (70 американски долари) на ветераните од Втората светска војна. Како што јавуваат тамошните медиуми, сретствата ќе им се доделат на ветераните најкасно до 9 мај. Туркменстанската влада соопштила дека парите се доделуваат како вид признание за „невидената храброст покажана на бојното поле“.