Груевски: Цврсто верувам дека ќе бидат пронајдени сторителите на убиството кај Смилковци

Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство. Гордана Јанкулоска.

Цврсто верувам дека сторителите на грозоморното дело ќе зажалат, длабоко ќе зажалат за петмината убиени кај Смилковското Езеро, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

„Сега треба да се остави Министерството за внатрешни работи да ја сработи својата работа. Како што кажав, вработените во МВР и полицајците се обучени и високо мотивирани. Помотивирани ги немам видено до сега. Оттука излегува мојата цврста верба дека ќе го најдат сторителот на ова грозоморно дело, ќе ги најдат овие монструми кои убија петмина недолжни луѓе кои веројатно не ги познаваат и никогаш не ги сретнале претходно и не знаеле веројатно ни како се викаат во моментот кога ги убивале. Тоа можело да го направи само монструм и никој друг, изјави Груевски.