Криволак - „Огнена подршка“, вежба на АРМ

Кривола - македонски војници

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се изведе методско-огледна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“.
На вежбата ќе присуствуваат министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески,и воени аташеа акредитирани во Република Македонија.
Целта на вежбата е да се прикаже ефективна огнена поддршка на маневарските единици, како и обученоста на персоналот од составот на механизираната пешадиска чета заедно со силите за огнена поддршка, декларирани за учество во борбената група на Европската Унија (ЕУ/БГ).
Единиците треба да демонстрираат висок степен на извежбаност и оспособеност за изведување на борбени дејства со висок интензитет во операции предводени од НАТО и ЕУ надвор од територијата на Република Македонија.