Грцијa по изборите со коалициска влада

Евангелос Венизелос

Грција, по парламентарните избори на 6 мај, најверојатно, ќе добие коалициска влада меѓу конзервативците и социјалистите. Ова го покажуваат резултатите од три анкети објавени денеска во Атина. Според нив, најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство за да формира влада ќе добие конзервативната Нова демократија на Андонис Самарас, околу 25 насто. Социјалистите на ПАСОК чиј лидер е Евангелос Венизелос ќе добијат околу 19 проценти.