Авионска несреќа во Пакистан

Авион со 127 патници и членови на екипажот денеска, поради лоши временски услови, се урнал во близина на меѓународниот аеродром во Исламабад. Новинските агенции јавуваат дека авионот летал од Карачи до Исламбад и оти се урнал за време на слетувањето. Државната телевизија јави дека болниците во Исламабад и во Равалпинди биле ставени во состојба на подготвеност.