Нови демонстрации во Каиро против воените лидери

Неколку илјади луѓе демонстрираа денеска во центарот на Каиро против политичкото влијание на армијата и против учеството во политиката на функционери од времето на Хосни Мубарак. Муслиманското братство, кое доминира во новиот парламент на Египет, ги подржа протестите откако нивниот кандидат за претседател, на изборите што треба да се одржат во наредниот месец, беше дисквалификуван од изборната комисија.