Ситуацијата во Сирија не е добра

Портпаролот на специјалниот паретник за Сирија Кофи Анан, Ахмад Фавзи, изјави денеска во Женева дека ситуацијата во Сирија не е добра и оти примирјето е многу кршливо. Тој додаде дека за една недела ќе биде комплетиран тимот од 30 посматрачи на Обединетите Нации во Сирија и оти доколку Советот за безбедност го одобри испраќањето на дополнителни 300 посматрачи, тие ќе бидат распоредени многу бргу.