Форд отвора нова фабрика во Кина

Компанијата Форд соопшти дека планира да отвори фабрика за производство на автомобили во источна Кина во вредност од 760 милиони долари. Фабриката ќе биде со капацитет од 250 илјади автомобили годишно, а со тоа инвестициите на Форд во Кина ќе достигнат скоро 5 милијарди долари.