Северна Кореа најави дека и натаму ќе лансира ракети

Северна Кореа денеска порача дека и натаму ќе лансира сателити во вселената и оти неуспешниот обид од пред неколку денови само ја зацвртила таа решеност. Во соопштението се наведува дека завршила истрага за причините за експлозијата на ракетата Унха 3 по само две минути од лансирањето. Западните сили оценија дека тоа било тестирање на ракета со долг дострел.