Во Франција последен ден од кампањата за претседателските избори

Постер од кампањата на Никола Саркози

Во Франција денеска е последен ден од кампањата пред неделниот прв круг на претседателските избори. Во трката се десет кандидати, но само двајца од нив ќе можат да се пласираат во вториот круг што треба да се одржи на 6 мај. Според анкетите, сегашниот претседател Никола Саркози е веднаш зад кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд. Аналитичарите забележуваат на големиот број гласачи, скоро една третина, кои се изјасниле дека нема да излезат на изборите.