Топи оствари средба и со Вељаноски и Груевски

Албанскиот претседател Бамир Топи

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на средбата со албанскиот претседател Бамир Топи истакна дека билатералните односи помеѓу Македонија и Албанија континуирано бележат нагорен тренд што е во интерес како на двете држави и на нивните граѓани така и на регионот во целост.
На средбата на премиерот Никола Груевски со Топи, според соопштението на владата, било истакнато задоволство од интензивниот политички дијалог, кој укажува на нов квалитет и динамика во развојот на добрососедските односи меѓу Македонија и Албанија.