Осудени 34 лица обвинети за тероризам во Таџикистан

Суд во Таџикистан

Таџикистанскиот суд осуди 34 членови на Исламското движење на Узбекистан за тероризам. Тие беа обвинети за убиство, обид за атентат на претставници на владата и за членство во терористичка организација.
Мажите беа осудени на затворски казни кои се движат од 8 до 28 години затвор.