Груевски-МВР деноноќно работи на расветлување на убиството

Премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на средбата со одговорните лица за случајот со убиството

Премиерот Никола Груевски одговорајќи на пратеничко прашање на денешната седница изјави дека МВР со целиот свој капацитет деноноќно работи на расветлување на петкратното убиство. Тој ирази уверување дека одговорните лица кои работат на случајот ќе ги најдат сторителите и ќе ги изнесат пред правдата.
На прашањето на координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски дали ќе ја смени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тој нагласи дека нема потреба од такво нешто и дека нема да дозволи да се вратат како што рече, времињата кога цутел криминалот во Македонија.