Штимлер-нема индикации за вооружени групи во северно Косово

Војници на КФОР во Косово

Заменик портпаролот на меѓународните сили на Косово Марк Штимлер денеска изјави дека КФОР нема некои посебни индикации дека на Косово постојат вооружени групи и негираше дека добиле барање да спроведат посебна истрага за тоа прашање. Српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ вчера од претставниците на меѓународната заедница побара итно да испитаат дали постојат вооружени екстремистички групи во северниот дел на Косово и доколку постојат, тие групи да бидат разоружани.