Европска комисија - мерки за обнова на Грција

Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо

Контрола на јавните финансии, финансирање на малите и средни претпријатија и подобрување на бизнис климата се трите основни сектори, во кои грчките власти треба да ги насочат напорите оваа година, за да биде потпомогнат економскиот раст и да се создадат работни места, се наведува во извештајот на Европската комисија за Грција.
Мерките во извештајот на Комисијата предвидуваат финансирање програми од Европскиот социјален фонд за невработеноста на младите во Грција, која е речиси 50 проценти, обновување на кредитирањето на бизнис секторот преку рекапитализација на грчките банки од европските заеми, како и кардинална даночна реформа.