Бан Ки Мун - Сирија без јасен сигнал за мир

Сирија не ги исполни целосно обврските за повлекување на трупите и тешкото оружје од населените области и се уште не испратила јасен сигнал за посветеност кон мирот. Ова се вели во писмото на Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун упатено до Советот за Безбедност.
Тој наведе и дека мисијата од 300 невооружени набљудувачи на ОН треба да го надгледува фрагилниот прекин на огнот меѓу владините сили и опозиционите борци кои сакаат да го остранат Претседателот Башар ал Асад од власт.