Индија лансираше ракета со долг дострел

Медиумите во Индија известуваат дека земјата лансираше ракета со долг дострел која може да носи нуклеарна боева глава. Ракетата беше лансирана утрово од Вилер островот во близина на источниот брег на Индија. Владата соопшти дека тестот бил успешен и го поздрави ова достигнување со дострел од 5.000 километри, како голем поттик за нејзините напори да се спротивстави на регионални доминација на Кина и да стане азиска моќ.
Аналитичарите велат дека само постојани членки на Советот за безбедност - Кина, Франција, Русија САД и Велика Британија - заедно со Израел имаат такви оружја со долг дострел.