Прекинати преговорите меѓу опозицијата и власта во Киргистан

Киргистанскиот премиер Омурбек Бабанов

Опозициските лидери во Киргистан ги прекинаа преговорите со владата и покрај зголемените политички тензии во земјата. Владата на премиерот Омурбек Бабанов организираше прес-конференција со опозицискиот лидер во Бишкек. Владините противници соопштија дека одбиваат да присуствуваат на разговорите, бидејќи не било прифатено нивното барање тие да бидат пренесени во живо на телевизија. Опозицијата организираше низа на протести во изминатиот период во земјата.